Поврзете се со нас

Балкан

Инфантино го осуди насилството по мечот Трабзонспор-Фенербахче

Објавено

на

Фото:twitter.com/fifamedia

Турското дерби меѓу Трабзонспор и Фенербахче донесе драма и тензија и конечна победа на гостите од 3-2.

Меѓутоа последниот судиски свиреж не значеше и крај затоа што имаше и „трето полувреме“ во кое домашните навивачи одлучија да влетаат на теренот и да се пресметаат со гостинските играчи кои славеа на средина на теренот.

Навивачите на Трабзон збеснаа по славјето на Фенербахче, па настана вистински хаос на теренот (ВИДЕО)

Настана вистински хаос, дел од играчите на Фенербахче покажаа боречки вештини да се одбранат, дел настрадаа како што е голманот Ливаковиќ, односно имаша сцени кои се недозволиви за дуел од највисок ранг. Казни сигурно ќе има, а во меѓувреме насилството го осуди првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

-Насилството по натпреварот од турската Суперлига меѓу Трабзон и Фенербахче е апсолутно неприфатливо. На или надвор од теренот, насилството нема место во нашиот спорт или општество.

-Сум кажал и претходно и ќе повторам – без исклучок, во фудбалот сите играчи треба да бидат сигурно за да можат да играат натпревар што носи таква радост на толку многу луѓе ширум светот. Ги повикувам надлежните органи да се погрижат тоа да се почитува на сите нивоа и сторителите на шокантните настани во Трабзон да одговараат за своите постапки, -порача Џани.

Барди погоди од слободен удар, голманот Ливаковиќ се заби во стативата (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни