Поврзете се со нас

Балкан

Барди погоди од слободен удар, голманот Ливаковиќ се заби во стативата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/TrabzonsporEN

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди постигна прекрасен гол во дерби средбата меѓу Трабзонспор и Фенербахче во рамките на 30. коло во турскиот шампионат.

Барди доби шанса на стартот на второто полувреме, а во 63 минута изведе мајсторски слободен удар по кој топката заврши во мрежата, ситуција при која голманот Ливаковиќ пак се заби во статувата.

Ова беше погодок за намалување на водството на гостите на 2-1, поточно истиот донесе нова енергија која беше искористена преку Трезеге за 2-2, но последниот збор го имаа сепак фудбалерите на Фенербахче кои во 87 дојдоа до трет гол преку Батшуаји за три големо бода во борбата за титулата со Галатасарај.

За Енис ова беше петти сезонски гол, плус има и четири асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни