Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Инѕаги за сонот: Свесни сме што не очекува…

Објавено

на

Интер го реши Милан со 2-0 во првата средба од полуфиналната пресметка во Лигата на шампионите, резултат кој им дава голема надеж, самодоверба дека ќе можат да обезбедат место во финалето во Истанбул.

„Нероаѕурите“ одиграа добро прво полувреме во кое набрзина дадоа два гола, а можеа да постигнат уште некој по што во второто полувреме ја сочуваа предноста и може да се каже дека имаат отворен пат за завршниот меч во елитното натпреварување.

Меѓутоа мора да се оди чекор по чекор и за тоа е свесен тренерот Симоне Инѕаги кој не сака никакво опуштање и ќе бара од неговите момци, избраници квалитетно издание и во реваншот против соседот, реванш закажан за наредната седмица.

-Јас сум многу задоволен, бевме извонредни во првите 45 минути, навистина можевме да постигнеме повеќе од два гола. Сепак, ние сме свесни дека ова е само прв натпревар. Ќе ги имаме нашите фанови зад себе зад себе и свесни сме дека не очекува уште еден напор за да го оствариме сонот. Момците го покриваа секој дел од теренот, тие си помагаа едни на други, така ќе биде и во реваншот, -истакна јасно и директно предводникот на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни