Поврзете се со нас

Македонија

Илиевски: Друго е кога играме на „Тодор Проески“, сега сакаме победа и во Купот

Објавено

на

foto:www.fkrabotnicki.com

Тимот на Работнички им се врати на победите во Првата македонска лигата или поточно успеа да го совлада составот на Воска Спорт со 2-0.

Велкоски и Гандо Биала беа стрелци на погодоците за „романтичарите“ кои по подолго време играа на националната арена „Тодор Проески“ што за тренерот Милан Илиевски било клучно што екипата се претставила во далеку подобро издание.

-По подолг период се вративме како домаќини на арената „Тодор Проески“ и веднаш беше видливо дека фудбалерите тука се чувствуваат најкомфорно. Тие се заслужни за успехот, го испочитуваа тоа што го побаравме од нив. Видливо е дека тимот функционира сѐ подобро, ова лето донесовме неколку нови фудбалери и се гледа значително подобрување на воиграноста.

-Среќни сме за триумфот и трите бода, но сега веднаш го ставаме фокусот на следниот предизвик. Веќе в среда нѐ очекува натпревар во Купот против Тетекс на кој мораме да му пријдеме со максимален фокус. Знаеме дека се игра еден натпревар и затоа мораме да бидеме внимателни. Некои фудбалери можеби ќе добијат одмор, но очекувам сите кои ќе имаат шанса да ја искористат и да ја оствариме целта, -порача Илиевски за официјалната веб страна на клубот.

Наредниот меч за Работнички е против Тетекс во Купот на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни