Поврзете се со нас

Балкан

Икарди се сели во Истанбул, ПСЖ ја прифатил последната понуда

Објавено

на

ПСЖ одамна му соопшти на Мауро Икарди дека не е во плановите за оваа сезона, а денеска стана јасно дека следна дестинација на напаѓачот ќе биде Галатасарај.

Турскиот клуб е во добри односи со ПСЖ, па стигнал до компромис во однос на заемот на Аргентинецот, со опција за откупување на неговиот договор по крајот на сезоната.

Галата ќе плаќа 3,5 милиони евра од платата на Икарди, додека останатите 6,5 милиони ќе останат обврска на ПСЖ, велат турските медиуми во однос на деталите од договорот.

Самиот фудбалер прифатил да настапува за турскиот клуб, а Галатасарај би добил сериозно засилување во обидот да ја врати титулата во свој посед.

Летово, Галата веќе го ангажираше и Дрис Мертенс, а во екипата се и искусните Сеферовиќ и Гомис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни