Поврзете се со нас

Германија

Играчот кој дојде како големо засилување за Баерн: Ќе почекам до крајот на сезоната, но ова мора да се промени

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Рајан Гравенберх пристигна како големо засилување за Баерн Минхен од редовите на Ајакс и баварскиот великан ја доби битката за неговиот потпис во ситуација кога беа во игра и други големи клубови, па токму поради тоа уште почудна е ситуација со која се соочи Холанѓанецот на „Алијанц арена“.

Трансферот на младиот играч за врска изнесуваше околу 20 милиони евра и тој беше најавен како супер засилување во средниот ред, но реалноста вели дека тој има само симболична улога во својата прва сезона во Баерн, по што веќе заклучува дека нема да дозволи такво ништо и наредната.

Во последно време, Ливерпул се споменува како клуб кој е најзагреан да го ангажира минатогодишниот талент на Ајакс, а доколку ситуацијата не се промени и не добие друго ветување од Томас Тухел, многу веројатно е дека Гравенберх ќе си замине од Минхен.

– Ќе почекам до крајот на сезоната, тренирањето и играчите за ваков клуб една година е убаво и поучно искуство, но тоа мора да се промени наредната сезона. Навистина сакам да играм секој викенд, а не само да бидам дел од тренинзите. Се уште не сум зборувал со клупскиот менаџмент, да оставиме да заврши сезоната. Сепак, јасно е дека оваа улога не е таа што ја очекував.

– На почетокот морав да се научам на новото опкружување, се беше побрзо за мене од вообичаеното. Но, тој период веќе е далеку зад мене и мора да има промена наредната сезона, – вели Гравенберх.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни