Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ: Направивме само една грешка, не заслуживме да бидеме елиминирани

Објавено

на

Составот на Милан загуби од Манчестер Јунајтед со 1-0, резултат кој значеше елиминација на „росонерите“ од Лигата на Европа.

„Црвене-црните“ како на првиот така и на вториот меч се бореа, меѓутоа во вакви тесни пресметки секогаш решаваат нијасни, некоја грешка, ситуација, а овојпат како клучен се покажа погодокот на Пол Погба во второто полувреме на „Сан Сиро“.

Златан Ибрахимовиќ кој на овој дуел се врати од повредата жали што Милан доживеал елиминација, ама воедно смета дека мора да се научи од вакви моменти и екипата да порасне, напредува во иднина.

-Ова е големо разочарување затоа што бевме добри во двомечот, направивме една грешка и примивме гол. Требаше да искористиме повеќе од нашите шанси. Не заслуживме да бидеме елиминирани, но тоа е фудбалот. Учите од негативните моменти и ги користите за да растате. Одиме напред, сезоната не е завршена.

-Мора да се вратиме посилни во Серија А, да учиме од нашите грешки и да продолжиме да се подобруваме. Сакам да играм за да освојам нешто, ние сме втори и мора да продолжиме вака да се обидеме да го освоиме Скудетото. Ако влеземе во Лигата на шампионите и тоа е одлично, но целта е да освоиме трофеј. Не можам да кажам ништо за следната сезона, сè што знам е дека во моментов сум тука, -рече Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни