Поврзете се со нас

Македонија

Христијан Илиоски повторно блеска: Нова титула со 18 победи од 18 трки!

Објавено

на

Мотокрос возачот Христијан Илиоски – Кико минатиов викенд во Бугарија на патеката Севлиево ја заокружи фантастичната сезона од БМУ Европскиот шампион, стигнувајќи до вкупно 18 победи.

Битолчанецот Илиоски настапуваше во „отворената класа“ МХ, каде што право на настап имаа и оние од МХ1 и МХ2, односно мотори со зафатнина од 250 или 450 сантиметри кубни, но со поинаков сет на електроника.

Овој шампионат е во организација на БМУ (Балканската мотоциклистичка унија), која го промовира овој спорт во регионот.

Воедно, Илиоски како член на Мотокрос клубот „Пелистер“, ја надополни одличната сезона со рекордна 12 титула во државното првенство, каде што стигна до вкупно 102 победи во кариерата.

– Извозени 18 трки и освоено на сите прво место. Многу подвизи на почетокот да се издржи 2023 сезоната,но секогаш со многу верба,среќа,радост и работа да се истрај. Во Државниот Македонскиот Шампионат и рекордни победи 102,- напиша Илиоски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на неговите поддржувачи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни