Поврзете се со нас

Свет

Хансен оди во пензија: Дојдов во момент во животот…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/aalborghaandbold

Еден од најдобрите ракометни играчи на сите времиња, Микел Хансен заминува во пензија по крајот на оваа сезона.

Во текот на вчерашниот ден излезе информација дека Хансен донел одлука за повлекување, одлука која членот на Алборг сам ја потврди на денешната прес-конференција.

-По речиси 20 години, време во кое бев привилегиран да го имам најдоброто хоби на светот како моја работа, сега сум подготвен да повлечам линија во песокот и да кажам благодарам за ова време.

-Отсекогаш сум сакал да играм со топка и да доаѓам на тренинзи и натпревари, но по многу размислување дојдов до момент во мојот живот каде моето семејство и новите возбудливи авантури мора да имаат прв приоритет. Благодарен сум на сите фантастични луѓе кои ги запознав и искуствата кои ги имав низ ракометот. Конкретно, голема благодарност мора да се упати до моето семејство кое секогаш ме поддржувало, како и до клубовите кои ги претставував, -порача Хансен кој се надева ќе биде дел од данската селекција на ОИ во Париз, односно тука да ја круниса неговата богата и импресивна кариера.

Инаку Хансен во кариерата има медали од сите најголеми настани со репрезентацијата, но на клупски план никогаш не ја освои ЛШ иако играше за навистина квалитетни и амбициозни тимови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни