Поврзете се со нас

Формула 1

Хамилтон доби поддршка и од Пауло Коелјо, Пике добил забрана да присуствува на Ф1 трките

Објавено

на

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Нелсон Пике, јавно се извини поради скандалот кој го предизвика, но тврди дека немал намера да го навреди Луис Хамилтон на расна основа.

Бразилецот пред неколку месеци бил гостин во еден подкаст, но интервјуто го предизвика вниманието дури деновиве откако беше потенциран збор со кој Пике го навреди Хамилтон, а за што реагираа Британецот, но и целата Ф1 заедница.

Пике кој има три титули во Формула 1 вели дека во неговата земја зборот не е навредлив и не е точно дека се работи за расистички испад.

Работата отиде дотаму што и познатиот бразилски писател Пауло Коејло излезе со поддршка за Хамилтон.

– Пике е поддржувач на најлошиот претседател во историјата на Бразил, а неговите расистички зборови покажуваат колку сака да биде во центарот на вниманието. Се извинувам во име на бразилскиот народ кој те сака и почитува, – порачал авторот на многу глобални бестселери.

Формула 1 му забранила на Пике во иднина да присуствува на трките, односно околу Ф1 гаражите, каде вообичаено имаат пристап сите легенди на спортот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни