Поврзете се со нас

Свет

Халанд по хет-трик ефектот: Не постигнувам доволно голови

Објавено

на

Ерлинг Халанд продолжи да ги полни мрежите на противниците и постигна хет-трик за Норвешка во дуелот со Гибралтар, за по мечот да даде интересна изјава.

Напаѓачот смета дека не е доволно ефикасен и мора да се подобри во овој сегмент.

– Не давам доволно голови, тоа лесно се гледа од односот меѓу одиграните натпревари и постигнатите голови.

– Мора да имам повеќе голови од бројката на одиграни натпревари и тоа е мојата главна мотивација, – изјавил Халанд.

Досега Халанд има 12 голови на 15 натпревари за Норвешка и 63 голови на 64 настапи за Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни