Поврзете се со нас

Англија

Халанд: Гвардиола е фудбалски фанатик како мене

Објавено

на

Ерлинг Халанд од оваа сезона е дел од Манчестер Сити, а тоа значи дека е во позиција да соработува со еден од најдобрите тренери на светот Пеп Гвардиола.

Гвардиола е познат по тоа што е голем перфекционист, човек кој внимава на сите детали, а тоа дефинитивни му се допаѓа на норвешкиот репрезентативец.

-Тој е фудбалски фанатик исто како што сум и јас. И двајцата го сакаме фудбалот. Беше играч и сега е тренер, а луд е по фудбалот. Тоа е нешто што многу ми се допаѓа бидејќи тој размислува за се и како можеме да се подобриме. Тоа е нешто што ми се допаѓа кај него, -вели Ерлинг кој потоа говореше за системот на Сити.

-Тоа е комплициран систем. Но, се обидувам да го интернализирам што е можно поскоро. Не можам да губам време. Ги знам сопствените квалитети, знам колку е добар тимот во кој се приклучив. Бев малку изненаден [што почнав толку добро], но тоа не е огромен шок, -рече напаѓачот кој на крајот додаде:

-Ова е убав клуб со многу добри луѓе. Тие беа многу добри со мене од самиот почеток. Секогаш е тешко да се сменат држави, лиги, клубови, но тие многу помогнаа и јас сум многу среќен, -заврши најзвучното засилување на „граѓаните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни