Поврзете се со нас

Формула 1

Хакинен: Мерцедес доминира со стратегијата, ривалите не можат да си дозволат грешка

Објавено

на

Поранешниот Формула 1 шампион Мика Хакинен смета дека добрата стратегија е главното оружје на Мерцедес и ривалите не смеат да си дозволат ниту една грешка ако сакаат да бидат конкурентни во битката за титулата.

Осврнувајќи се на последната трка во Шпанија, Финецот вели дека Хамилтон имал доверба во своите инженери и на крајот тој и Мерцедес стигнаа до нова победа.

– Довербата е многу важен елемент во Формула 1, а последната победа на Хамилтон дојде токму поради овој елемент.

– За некои фанови изгледаше како грешка фактот што Хамилтон излезе од боксот со заостанување од 22 секунди, но одговорните во неговиот тим знаеја дека тој ќе има брзина да го престигне ривалот.

– Тоа е толку типично за Мерцедес, па Луис и Валтери знаат дека возат за најдобриот Ф1 тим. Мерцедес добро го испланира цел викенд, избраа стратегија со два бокса, затоа што имаа два комплета медиум пневматици. Ред Бул го остави Ферстапен со еден комплет медиум пневматици и тоа му ја отежни ситуацијата.

– Кога се бориш со Мерцедес, не смееш да си дозволиш губење на време, малите грешки на Макс му дадоа опции на Луис, – смета Хакинен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни