Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Одиме на победа и во Германија

Објавено

на

Манчестер Сити во самиот финиш прими погодок, но успеа да го врати водството во 90. минута преку Фоуден, па ќе патува на реваншот против Борусија Дортмунд со предност од 2:1.

Пеп Гвардиола знае дека ова не е најпосакуваниот резултат од првата средба на домашен терен, но логично е среќен што неговиот тим барем победи.

– Подобро е да победите, отколку да имате само реми. Во секој случај ние одиме на победа и на реваншот.

– Мора да го погледнеме натпреварот, да промениме одредени работи и да бидеме подготвени за дуелот во Германија.

– Борусија Дортмунд е типичен клуб од Лигата на шампионите, но покрај предноста, мора да се обидеме да постигнеме голови и да победиме, – изјавил Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни