Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гризман ги коментираше случувањата на „Енфилд“ на Твитер и го привлече вниманието на фановите

Објавено

на

Антоан Гризман го пропушти вчерашното дерби од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид затоа што беше исклучен на претходниот натпревар.

Суспензијата му овозможи на Французинот да го следи натпреварот од својот дом, па и да го коментира преку Твитер.

– Против се и против сите, – напишал Гризман веднаш откако Фелипе заработи црвен картон за стартот над Мане, а одлуката на судијата Мекели отвори дебата меѓу фановите.

– На „Енфилд“ е само жолт картон, – подоцна објавил Гризман, алудирајќи на стартот на Диого Жота, кој имаше сличен старт како тој за кого Французинот доби црвен картон на „Ванда Метрополитано“.

По овој пораз, Атлетико е на третото место во групата со само 4 бодови, еден помалку од второпласираниот Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни