Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Грилиш го предизвика Анри за Вокер, Французинот одговори без двоумење (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Сити и Интер ја спуштија завесата за оваа сезона во Лигата на шампионите која заврши со славје на „граѓаните“.

Премиерлигашот славеше со 1-0 во Истанбул, а една од медиумските куќи кои го испрати овој настан беше „Си-Би-Ес“ каде стандардно видовме многу познати имиња меѓу кои беше и Тјери Анри.

Анри заедно со Карагер, Ричардс, Шмајхел имаа можност на крајот да разговраат со доста играчи, да им направат интервју, група во која беше и Џек Грилиш.

Токму Грилиш му постави едно занимливо прашање на Тити, дали тој би можел да се справи со Кајл Вокер кој важи за еден од најдобрите десни бекови на светот, фудбалер кој е физички е моќен, сигурен и против него имаа проблеми супер брзи играчи како Мбапе, Винисис Жуниор…

Легандарниот ас веднаш испука одговор и порача дека лесно би се справил со Вокер со што изнуди насмевки кај сите присутни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни