Поврзете се со нас

ВТА

Големо изненадување: Нема да има руско полуфинале во Торино (ВИДЕО)

Објавено

на

Нема да гледаме руско полуфинале на завршниот АТП Мастерс во Торино, а за тоа се погрижи Каспер Руд кој денеска направи големо изненадување во пресметката со Андреј Рубљов.

Рубљов важеше за фаворит во дуелот против Норвежанецот, се тргна како што треба за него, но не успеа да ја заокружи приказната и да закаже битка против сонародникот Данил Медведев. Андреј имаше фуриозен прв сет и со 6-2 дојде до предност од 1-0, потоа прв дојде до брејк во втората „рунда“, меѓутоа противникот се стабилизираше, го возврати ударот и со 7-5 го одведе мечот во трет сет.

Русинот одново прв дојде до брејк и тоа во петтиот гејм, но веќе го наредниот ја загуби предноста по што следуваше добра одбработена задача на свој сервис за двајцата што значеше оти тај-брејкот ќе биде одлучувачки.

Во истиот Руд беше на повисоко ниво, пофокусиран и со 7-5 го продолжи настапот на турнирот.

Од 21 часот Новак Ѓоковиќ ќе ја затвори групната фаза против Камерон Нори, ама Србинот веќе го знае полуфиналниот ривал-тоа е Германецот Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни