Поврзете се со нас

Шах

Ѓорѓиески победник на рапид-турнирот во Битола

Објавено

на

Прилепчанецот Дејан Ѓорѓиески славеше на првиот шаховски турнир одржан во 2024 година во Македонија, а кој се одигра во Битола.

Во организација на шаховскиот клуб „Штајниц“ настапија 46 шахисти, а победникот Ѓорѓиески имаше 7,5 поени од 9 партии. Во интересен расплет, покрај Ѓорѓиески кој настапува за клубот „Пелагон“, на врвот се најдоа и шахисти од повеќе други македонски клубови.

Филип Михов од ШК Алкалоид и Андреј Велјановски од ШК Гамбит го поделија второто место со 7 бода, а веднаш зад нив со 6,5 поени беа Кире Николовски од ШК Прилеп и Сулејман Суљовиќ од Србија.

Четири шахисти се најдоа на делба на шестото место, при што со „тај-брејк“ критериум Горан Симовски се најде пред ИМ Тони Лазов, Алекс Насков и Константин Лушески.

На турнирот настапи и легендата на македонскиот шах, Борче Илиевски, единствениот наш играч кој ремизирал со славниот светски првак Боби Фишер во 1967 година.

Идниот викенд, поточно на 28 јануари се игра следниот рапид турнир, „Штип Опен 2024“каде што се очекуваат над 100 учесници.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни