Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја освои титулата во дубл на турнирот во Грузија

Објавено

на

Лина Ѓорческа освои уште еден трофеј во игра на двојки, победувајќи на фјучрсот во Телави, Грузија со награден фонд од 25.000 долари.

Најдобрата македонска тенисерка настапи заедно со Украинката Валерија Стракова, а Ѓорческа и Стракова го оправдаа статусот на први носителки со победата во денешното финале.

Првиот сет му припадна на аргентинско-италијанскиот тандем Викторија Босео-Анџелика Моратели со 6:4, Ѓорческа и Стракова возвратија со истиот резултат во третиот сет, а беа поуспешни во тај-брејкот со убедливи 10:5.

За Лина ова е втор трофеј во 2021 година, откако претходно стигна до трофејот во дубл и на турнирот во Калви, Франција.

На турнирот во Телави, Ѓорческа играше и во сингл конкуренција, но не успеа да го помине осминафиналето, каде загуби од Швајцарката Цугер која стигна до финалето и ќе се бори за трофејот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни