Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мајами

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ доживеа шокантен пораз на Мастерсот во Индијан Велс и тоа од анонимниот Италијанец, Лука Нарди кој го совлада со 2-1 во сетови.

Овој резултат дефинитивно го „попари“ Србинот кој веднаш по мечот порача дека не знае кој ќе биде следниот потег, односно дали ќе настапи во Мајами.

– Мајами? Засега останува на мојот распоред, но оставете ми неколку дена да видам……. Пред малку бев на теренот и се уште ми е жешка главата. Потребни ми се неколку дена за да сфатам што ќе правам следно, -порача Ѓоковиќ кој според последните информации одлучил да не игра на овој Мастерс.

Ова е вест која прв ја пренесе „Спорт Клуб“, а на истата се надоврзаа и други српски медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни