Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Ибрахимовиќ? Ние сме добри пријатели, тој е жива легенда

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ пред неколку денови имаше можност да се сретне со фудбалската ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, средба која мина во знакот на познатиот балкански хит „Јутро је“ од Нада Топчагиќ.

Шоу на големите асови: Ѓоковиќ и Ибрахимовиќ се сретнаа во Торино и заедно го запеаа балканскиот хит (ВИДЕО)

Ѓоковиќ и Ибрахимовиќ се познаваат и секоја нивна средба е специјална и исполнета со позитивна енергија. Секако двајцата немаат многу време и простор за вакви дружби, но многу се почитуваат, ценат и за тоа најдобро говори изјавата на првиот светски рекет за ѕвездата на Милан.

-Јас сум голем љубител на фудбалот. Ибрахимовиќ е мој пријател во последните 10 години. Добро се познаваме, зборуваме на ист јазик. Тој доаѓа од нашите простори, жива легенда на фудбалот, испиша историја. Ние сме добри пријатели. Секогаш е прекрасно да се види. Милиони луѓе го следат. Добро е што носи публицитет и во нашиот спорт.

-Се забавувавме, пеевме, направивме неколку видеа, разговаравме… Се надевам дека наскоро ќе се видиме повторно и ќе го гледам како игра. Немам време често да гледам фудбал поради тенисот. Најмногу следам фудбал, а кога сум во САД се трудам да го погледнам НБА натпреварот, -изјави Ѓоковиќ кој се сретна со Швеѓанецот во Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни