Поврзете се со нас

Франција

Фудбалер на ПСЖ одбил да настапи поради дресовите со поддршка во борбата против хомофобијата

Објавено

на

ПСЖ ја врати титулата француски шампион, но овој клуб го очекуваат неколку важни одлуки, вклучувајќи го тренерот Покетино, но и играчкиот кадар и неговото летно проветрување.

Додека раководството на клубот ги прави последните обиди да го задржи Килијан Мбапе во своите редови, во јавноста се активираше скандал кој повлекува и реакција од ПСЖ.

Се работи за Идриса Геј, еден од фудбалерите со најголема доверба кај тренерот Покетино, а кој одбил да настапи на дуелот со Монпелје поради невообичаена причина.

Геј не сакал да го облече дресот на кој била истакната поддршка за кампањата и борбата против хомофобијата, а ваквото негово однесување донело и незадоволство меѓу соиграчите во соблекувалната.

ПСЖ првично објави дека Геј не настапува поради болест, но тренерот Покетино по натпреварот истакна дека тој бил на трибините поради приватни причини.

Фудбалерите носеа дресови со бројки во боите на виножитото, во рамките на кампањата на Француската федерација: Хетеро или хомо, сите носиме исти дресови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни