Поврзете се со нас

Германија

Фудбалер на Борусија обвинет за насилство, клубот изрази загриженост

Објавено

на

Борусија Дортмунд ја започна сезоната со победа, но деновиве постои голема загриженост во клубот поради информациите за еден од фудбалерите.

Нико Шулц е обвинет за домашно насилство во 2020 година, полицијата го истражува случајот, а фудбалерот ги отфрлува обвинувањата.

Пријавата во полиција е испратена од поранешната партнерка на Шулц, која тврди дека била физички нападната пред две години, а од Борусија најавија дека ќе ја следат постапката на одговорните.

– За обвинувањата на сметка на Шулц дознавме од медиумите, а за нас се шокантни и сериозни. Борусија Дортмунд е против секакво насилство и со внимание ќе го следиме случајот, а засега немаме основа да преземеме дисциплинска постапка, – вели клубот во соопштението.

Шулц има 61 настап за Борусија откако дојде во екипата во 2019 година, а зад себе има и 12 настапи во германската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни