Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Французите го критикуваат Икарди, Аргентинецот се сели на клупата на ПСЖ

Објавено

на

Мауро Икарди беше дел од почетниот состав на ПСЖ на дуелот со Аталанта, а покрај бледото издание на Аргентинецот, во негов прилог не оди ниту фактот што францускиот првак направи пресврт по неговото излегување од игра.

Француските медиуми предводени од „Лекип“ упатија остри критики на сметка на екс напаѓачот на Интер, тврдејќи дека тој е најслабиот фудбалер на ПСЖ по продолжувањето на сезоната по паузата поради коронавирусот.

Тренерот Томас Тухел се обидуваше да го мотивира Икарди со своите изјави пред четвртфиналето, потенцирајќи дека повредата на Мбапе му дава можност да се истакне на теренот, но тоа не помогна.

Медиумите се сигурни дека Икарди е сигурен гледач од трибината барем на почетокот на средбата меѓу ПСЖ и РБ Лајпциг и може да биде искористен само доколку навистина има потреба.

Ова пред се поради фактот што Килијан Мбапе е подготвен за настап, а својата суспензија ја одработи и Анхел Ди Марија кој повторно е во комбинација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни