Поврзете се со нас

Франција

Француска легенда за Луис Енрике: Тоа што го прави оди на штета на ПСЖ, а не на ривалите

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ доживеа разочарувачки пораз од Барселона на домашен терен и сега е во многу потешка ситуација во обидот да избори полуфинале во Лигата на шампионите.

Францускиот првак не ги оправда очекувањата со настапот во најголем дел од средбата во средата, а потфрли и првата ѕвезда Килијан Мбапе, по што тој и тренерот Луис Енрике добија најмногу критики од фудбалската јавност.

Поранешниот француски репрезентативец Биксенте Лизаразу се фокусирал на одлуките на шпанскиот стручњак и фактот што Луис Енрике повторно излезе со различен состав во однос на претходните натпревари.

– Би сакал да зборувам за одлуките на тренерот, посебно што тој одлучи стартери во средниот ред да бидат Асенсио и Ли.

– Од почетокот на сезоната ова стана негова специјалност, ПСЖ започнал со 39 различни состави на 43 одиграни натпревари досега.

– Прашањето е дали на тој начин ги изненадува ривалите или повеќе ги изненадува и им наштетува на своите фудбалери. Се надевам дека на реваншот ќе направи соодветни промени, – рекол Лизаразу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни