Поврзете се со нас

Формула 1

Фетел за катастрофата на Ферари на Спа: Има нешто погрешно уште од првиот ден

Објавено

на

Ферари продолжи да ги разочарува своите фанови, кои се чини посакуваат што побрзо да заврши оваа сезона во Формула 1, пред се гледајќи го заостанувањето на црвените болиди во однос на поголем дел од конкуренцијата.

Себастијан Фетел во последната сезона како возач на Скудерија се мачи да влезе и меѓу десетте најбрзи во квалификациите, а денеска во Спа друштво му правеше и тимскиот колега Шарл Леклер.

Пилотот од Монако дури имаше и послабо време од Фетел, а двајцата се најдоа на 14 и 13. место и не обезбедија место во третата сесија.

– За жал, ова е реалната слика, тоа е максимумот на болидот на оваа патека.

– Има нешто погрешно со сет-апот уште од првиот ден, не ни дозволи вистински да се натпреваруваме. Јасно е дека мора да возиме со болидот каков што е, па и покрај ваквиот резултат денеска, утре ќе се обидеме да направиме нешто повеќе, – изјавил Фетел.

Пол-позицијата ја освои Луис Хамилтон со нов рекорд на патеката, а зад него се најдоа Ботас, Ферстапен и Рикардо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни