Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен преферираше казна, наместо повлекување пред Хамилтон: Зошто не ме оставивте?

Објавено

на

Претекнувањето на Макс Ферстапен му донесе тимска наредба да го пропушти Луис Хамилтон, а на крајот тоа го чинеше и првото место на Формула 1 трката во Бахреин.

Возачот на Ред Бул целосно ја напушти патеката при маневарот за претекнување, по што од неговиот тим стигна апелот веднаш да го пропушти Хамилтон, за да не добие казна.

Ферстапен веднаш по ваквото сценарио реагираше преку радио врската и праша зошто морало да се оди на експресно пропуштање, наместо да се брка предност со која би се надополнила казната од пет секунди.

– Зошто не ме оставивте? Лесно ќе стигнев до тие пет секунди, подобро да загубам така отколку да бидам втор на ваков начин, – порача Ферстапен.

Кристијан Хорнер одговори дека добиле порака од директорот на трката дека мора да го препуштат водството, па очигледно е дека Ред Бул не сакаше да ризикува на начинот на кој тоа го побара Ферстапен.

– Нормално дека е штета за ваквиот епилог, но мора да гледаме и на позитивните страни. Мислам дека серизно се заканивме и ова е одличен старт на новата сезона, – изјави Ферстапен во првото интервју по трката и второто место во Бахреин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни