Формула 1
Ферстапен освои пол-позиција, па денот се претвори во ноќ на Интерлагос (Видео)

Макс Ферстапен дојде до 11-та пол позиција во актуелната сезона во Формула 1, а со тоа само најави дека планот му е само да го поправи рекордот кој го постави минатата недела.
Холанѓанецот стигна до рекордна 16-та победа во една натпреварувачка сезона на гран-при викендот во Мексико, но како што најави веднаш по трката, планот му е да дојде до 17 или 18 во наредните неколку викенди.
Првата шанса ќе ја има во Бразил, каде во пресрет на спринт трката која се вози утре, денеска се возеа квалификациите.
Ферстапен беше побрз од бурата и постави најдобро време на Интерлагос со 1:10.727, а најблиску до него беше возачот на Ферари, Шарл Леклер. Возачот на Ферари втор викенд по ред покажува дека е брз во квалификациите, но ќе видиме дали ќе успее да го задржи тоа темпо и во трка.
Трет денеска беше Ленс Строл, а фантастичното издание на Астон Мартин го потврди и Фернандо Алонсо кој постави четврто најдобро време во Бразил. Во првите десет се најдоа уште Хамилтон, Расел, Норис, Сајнц, Перез и Пјастри.
Day turned to night at Interlagos before Max Verstappen was confirmed as pole sitter for Sunday's race #F1 #BrazilGP pic.twitter.com/LlUE5V7LEw
— Formula 1 (@F1) November 3, 2023
-
Англијапред 23 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 10 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 15 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 23 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 15 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 8 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!
-
Шпанијапред 12 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола со ниска провокација го „поздрави“ Карагер, легендата на Ливерпул подготви одговор (Фото)