Поврзете се со нас

Формула 1

Ферстапен ќе стартува прв на спринтот, Перез доби казна во Австрија

Објавено

на

Макс Ферстапен ќе има најдобра позиција на утрешната спринт трка во Австрија, а за истата се избори со најдобро време во последниот круг од квалификациите.

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц претходно беа блиску до првиот ред за спринтот, но Ферстапен успеа да извози побрз летечки круг и официјално ќе му се смета уште една освоена пол-позиција во Формула 1.

Луис Хамилтон и Џорџ Расел завршија во заштитната ограда во последната сесија, па седумкратниот Ф1 светски шампион требаше да стартува од десеттата, а неговиот помлад колега од петтата позиција. Сепак возачите на Мерцедес одат место понапред поради казната за Серхио Перез.

Перез првично беше четврти, но дополнително доби казна од стјуардите поради непочитување на правилото за движење по патеката. Поради ова на Мексиканецот му се избришани времињата од третата сесија и ќе стартува од тринаесеттата позиција на утрешниот спринт.

Од петтата до осмата стартна позиција се најдоа Окон, Магнусен, Шумахер и Алонсо, додека зад Хамилтон ќе биде Гасли.

Спринт трката ќе донесе поени за најдобрите осум возачи, а ќе го одреди и поредокот за неделната класична трка во Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни