Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фердинанд гледа само три апсолутни фаворити за титулата во ЛШ

Објавено

на

Рио Фердинанд е голема легенда на Манчестер Јунајтед и секогаш ги брани интересите на овој клуб, но како стручен аналитичар за „Би-Ти Спорт“, не крие дека „црвените ѓаволи“ во овој момент се многу далеку од борбата за титулата во Лигата на шампионите.

Поранешниот англиски репрезентативец ја почувствува сласта на трофејот во најелитното натпреварување, во кое во овој момент гледа само три изразити и главни фаворити за титулата.

Фердинанд не го исклучува од трката и Баерн Минхен кој одново покажа моќ против ранливата Барселона, но сепак смета дека главни кандидати за три англиски тима.

– Не гледам кој ќе ги мине и ќе ги надигра англиските тимови. Баерн можеби да биде кандидат, но Челси, Сити и Ливерпул се многу силни, а истовремено ги имаат најдобрите менаџери.

– Кога ќе дојдат подоцнежните стази од натпреварувањето, тренерите доаѓаат до израз, а нивното искуство мислам дека е и пресудно за добар резултат, – анализира Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни