Поврзете се со нас

Формула 1

Ферари направи реорганизација во тимот и повторно го активираше Рори Брн

Објавено

на

Лошиот старт на новата Формула 1 сезона го запали алармот во таборот на Ферари, па по три трки е направена одредена промена во однос на менаџерската структура во тимот.

Тимскиот шеф Матија Биното останува на својата функција, но Ферари направи реогранизација на хиерархискиот синџир, по што се очекуваат позитивни резултати.

Ферари основаше нов оддел за Развој на перформансите на чие чело е ставен Енрико Кардиле, додека во останатите сектори нема промени и остануваат истите раководни лица, односно Енриго Гвалтиери (погонски единици), Лорент Мекис (спортски директор за активности на патека) и Симоне Реста (шасија).

– Направивме промени во техничкиот дел од организацијата за да го забрзаме процесот на дизајнирање и развој на болидот.

– Овој потег беше неминовен за да се овозможи поголема слобода, но и поголема одговорност во различни сектори, истовремено афирмирајќи ја политиката да се користат технички таленти од сопствениот тим, – изјавил Биното.

Тој информирал дека Кардиле во својот сектор ќе смета на услугите на искусните Рори Брн и Давид Санчез, со што Ферари добива поголемо влијание од истакнатиот дизајнер, односно инженер, кои ќе помогнат да се развива болидот.

Брн беше дел од златната ера на Ферари во периодот кога во Ф1 доминираше Михаел Шумахер, а тимот го предводеа Жан Тод и Рос Браун.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни