Поврзете се со нас

АТП

Федерер е дел од швајцарската делегација, ќе настапи на ЛОИ во Токио

Објавено

на

Поранешниот светски рекет број еден, Рожер Федерер ќе учествува на престојните Олимписки игри кои ќе се одржат во Токио.

Оваа информација ја соопшти Олимпискиот комитет на Швајцарија, соопштение во кое се вели каде Федерер ќе биде дел од делегацијата која ќе брои 116 спортисти. Ова за големиот ас ќе биде петти настап на оваа сцена, претходно беше 2000, 2004, 2008 и 2012, настани на кои освои златен медал во двојки заедно со Станислас Вавринка и сребрен во поединечна конкуренција во Лондон.

Инаку Федерер во моментов настапува на Вимблдон каде успеа да дојде до осминафиналето каде ќе ги одмери силите со Лоренцо Сонего.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни