Поврзете се со нас

Италија

Фановите на Јувентус нетрпеливи, најавен следниот чекор во комплетирање на трансферот на Влаховиќ

Објавено

на

Душан Влаховиќ очигледно ќе ја замени Фиорентина со Јувентус уште во јануарскиот преоден рок, а италијанските медиуми потврдија дека двата клуба постигнале договор за трансферот.

Сепак, нетрпението на фановите на Јувентус со официјалното соопштување на големото засилување се зголемува од ден на ден, а очигледно фановите на „бјанконерите“ ќе мора да почекаат уште неколку дена за нови придвижувања во однос на овој трансфер.

Влаховиќ имал позитивен тест на ковид-19 во текот на минатата недела, па сега е во изолација во својот дом во Фиренца, кој пак е надгледуван и од полицијата поради заканите кои ги добива српскиот фудбалер од ултрасите на Фиорентина.

„Газета дело Спорт“ најави дека Јувентус ги закажал лекарските прегледи за сабота, кога се очекува Влаховиќ да пристигне во Торино, а неговиот нов клуб очекува дотогаш фудбалерот да добие негативен тест за коронавирусот.

Преодниот рок завршува на крајот на месецот, па Јувентус дотогаш мора формално да ги заврши сите процедури, но шансите нешто да се искомплицира се само теоретски.

Јувентус ќе плати 67 милиони евра за Србинот, а сумата може да достигне 75 милиони дококу бидат активирани предвидените бонуси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни