Поврзете се со нас

Европски првенства

Европскиот вицешампион не даде гол во Скопје, Македонија со голем резултат ги заврши квалификациите за ЕП (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонската сениорска фудбалска репрезентација успеа да остане непоразена во соочувањето со Англија во последниот меч од квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на Милевски уште еднаш покажаа дека на домашен терен се многу цврсти и тешко е да бидат совладани, а најдобар доказ за тоа е дека на четири средби во Скопје загубија само еднаш и тоа во онаа чудна средба со Украина во која газевме 60 минути, водевме со 2-0 за да на крајот загубивме со 3-2.

Тука ја добивме Малта, потоа ремизиравме со големата Италија 1-1, резултат кој вечерва беше потврден со актуелниот европски вицешампион.

Нашата селекција одигра борбено, ги чекаше своите шанси, па така во првиот дел доби пенал по дуелот меѓу Луис и Миовски, ситуација по која Барди ја презема одговорноста, Пикфорд го прочита, но топката одново дојде до него и ја смести истата во мрежата на фаворитот.

Со овој резултат се замина на полувреме за да на стартот на вториот им биде поништел гол на Англичаните со ВАР, но во 59 минута несреќниот Атанасов ја смести топката на погрешно место за 1-1.

Немаше преголеми возбудувања во продолжението и не дојде до промена на резултатот.

Македонија со 8 освоени бода е четврта во групата Ц зад Англија со 20, Италија со 14 и Украина со 14 која поради послабиот меѓусебен дуел со „аѕурите“ останува трета и без ЕП. Последна е Малта без освоен бод.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни