Поврзете се со нас

Европски купови

Еурофарм Пелистер со голем чекор кон втората позиција на табелата, во Битола падна Кадетен

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со тесни 27:26 славеа на натпреварот од 8. коло од ЕХФ Лигата на Европа против Кадетен Шафхаузен.

Оваа победа значи дека битолчани сега ќе бидат во „пол позиција“ за пласман на втората позиција на табелата.

Избраниците на Жељко Бабиќ имаа контрола над резултатот во поголем дел од натпреварот, но гостите од Швајцарија во финишот успеаја да ја стопат предноста на битолчани и да дојдат само на еден гол негатива.

Сепак, тогаш на сцена стапи босанскиот репрезентативец Јосип Периќ кој погоди за 27:25, па Кадетен Шафхаузен до крајот можеше само да го намали поразот на еден разлика.

Јосип Периќ одигра фантастичен натпревар со седум погодоци зад своето име, а одлични беа и Мандалиниќ и Табоада со по пет постигнати погодоци.

Еурофарм Пелистер до крајот ќе игра против Татабања и АЕК и победа во овие два натпревари ќе значи загарантирано второ место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни