Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го избра новиот капитен за сезоната во која ќе игра ЛШ (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер стави крај на доминацијата на Вардар и минатата сезона ја освои титулата во домашното првенство, што им овозможи на битолчани да имаат лето во кое ќе се подготвуваат за Лигата на шампионите.

Македонскиот првак ќе биде дел од најелитното натпреварување во Европа и поради таа причина тимот претрпе сериозни корекции, а стартот на подготовките донесе и уште еден новитет.

По заминувањето на Мирко Радовиќ, беше јасно дека првиот тим ќе мора да добие нов капитен, а одговорноста му припадна на македонскиот репрезентативец, Жарко Пешевски.

Пикерот беше еден од најважните и најдобрите на тимот на Пелистер минатата сезона, но сега ќе има уште позначајна улога и одговорност на теренот.

Пешевски е новиот капитен избран од страна на стручниот штаб, а негови замени ќе бидам Марио Танкоски и Ненад Костески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни