Поврзете се со нас

Шпанија

Ето посочи кој може да го наследи Меси во Барселона

Објавено

на

Камерунската фудбалска легенда, Самуел Ето посочи кој може да го наследи Лионел Меси во редовите на Барселона.

Ето кој своевремено беше еден од најдобрите светски напаѓачи многу добро ги познава квалитетите на Лео со оглед на тоа што неколку години играа заедно во Барселона и беше вистински пример за Аргентинецот кога овој се пробиваше на големата сцена.

Меси е во последните месеци од актуелниот договор и под знак прашање е дали ќе продолжи на „Камп Ноу“, но без разлика на што и да се случи според Ето шпанскиот великан во своите редови има бисер кој може да направи големи работи-тоа е Ансу Фати.

-Мислам дека Фати е играч за иднината. Прави фантастични работи, па мислам дека клубот треба да го израсне и многу добро да се грижи за него. Да се надеваме дека тој ќе го наследи Меси, -истакна Ето.

Ансу кој во моментов е повреден на 43 средби во дресот на Барселона има дадено 13 голови и 5 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни