Поврзете се со нас

Европски купови

ЕХФ официјално го одложи дуелот Еурофарм Пелистер-Татабања

Објавено

на

Европската ракометна федерација официјално го одложи натпреварот од првото коло на групата Ц на Лига Европа помеѓу Еурофарм Пелистер од Македонија и Татабања од Унгарија.

Причината е големиот број на заразени членови на ракометната екипа и стручниот штаб на Татабања со коронавирус.

Сценариото кое беше најавено со фактот дека ЕХФ не значи официјални лица, а Татабања немаше обезбедено сместување за гостувањето, за вечерва да добие потврда.

Натпреварот требаше да се одигра на 20 октомври во 18:45 часот во Битола.

Сега, ЕХФ дополнително ќе треба да одреди нов термин за одржување на натпреварот, кој ќе биде изводлив и за двете страни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни