Поврзете се со нас

Европски купови

ЕХФ го смести Пелистер директно во групната фаза на Лигата на Европа

Објавено

на

Лигата на шампионите ќе биде без македонски клупски претставник после долго време откако Вардар беше исфрлен од Европа, но дури три македонски тима може да гледаме во европската Лига на Европа.

ЕХФ денеска соопшти дека Еурофарм Пелистер добива вајлд карта и македонскиот вицепрвак сигурно ќе биде дел од групната фаза на второто по ранг европско натпреварување, додека квалификации ќе мора да минат Бутел и Еурофарм Пелистер 2.

Пелистерци и изминатите две години беа дел од ова натпреварување и стигнуваа до осминафиналето, па во новата сезона сигурно целта ќе биде да се отиде чекор подалеку.

Покрај Еурофарм Пелистер, сигурно во групната фаза се и Бенфика, Фуксе Берлин, Пау Аикс, Јиштад, Скјерн, Шафхаузен, Гранољерс, Татран Прешов, Мотор Запорожје, Балатофуреди и Валур.

Останатите два тима од Македонија ќе почнат од квалификациите и ќе треба да се изборат за групната фаза, со тоа што Бутел ќе стартува од второто, а Еурофарм Пелистер 2 од првото коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни