Германија
Ефенберг за најавен трансфер на Баерн: Нема место за него во составот на Нагелсман

Баерн Минхен изминатите недели е поврзуван со Денис Закарија од Борусија Менхенгладбах, а фудбалерот е поатрактивен за великанот и поради фактот што актуелниот договор му истекува во јуни и би пристигнал без отштета.
„Билд“ и „Скај“ тврдат дека Баерн веќе разговарал со агентот на Швајцарецот, но легендата на Борусија и Баерн, Штефан Ефенберг, смета дека за Закарија нема место во актуелниот ростер на Баварците.
– Голем проблем за Борусија Менхенгладбах изминативе месеци е што голем број играчи не се 100 проценти со главите во својот клуб.
– Размислуваат за својата иднина, имаат договори кои истекуваат и интерес од други клубови. Го гледаат актуелниот тим како попатна станица и тука настанува проблемот, – вели Ефенберг коментирајќи ја резултатската криза на неговиот поранешен клуб.
– Читам дека Закарија бил во преговори со Баерн, но според мене за ниту еден фудбалер на Борусија нема место во актуелниот состав на Баерн. Тоа е друго ниво, веќе видовме како поминаа играчи како Ренато Санчез или Марсел Забицер. Одредени фудбалери на Менхенгладбах се преценуваат себеси, – смета Ефенберг, кој во својата кариера два пати ја замени Борусија со Баерн Минхен.
-
Шпанијапред 24 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Францијапред 22 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 23 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 19 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 23 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 12 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја