Поврзете се со нас

Германија

Ефенберг го советува Ројс да се повлече од националниот тим

Објавено

на

Германската легенда Штефан Ефенберг му порача на Марко Ројс да се повлече од германската репрезентација и да му се посвети на својот клуб.

Ројс реши да го пропушти Европското првенство за да искористи подолг одмор во пресрет на новата сезона во која го носи дресот на Борусија Дортмунд, а Ефенберг вели дека воопшто не треба да се враќа во составот кој сега го предводи Ханси Флик.

– Фудбалер кој има над 30 години и кој често заработува повреди, треба целосно да му се посвети на клубот.

– Кога имате над 30 години, периодите за одмор имаат посебно значење. Јас го советувам да се повлече, но ќе ми биде драго и ако реши да остане во националниот тим, – изјавил Ефенберг.

Во слична ситуација со Ројс се Томас Милер и Матс Хумелс, кои беа вратени од Јоаким Лев во репрезентацијата пред Европското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни