Поврзете се со нас

Лига Европа

Ѕвезда на Јунајтед посебно се израдува на европскиот потоп на Ливерпул (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул доби неочекуван потоп на домашен терен и загуби со неверојатни 0:3 на домашниот „Енфилд Роуд“ во Европа, па сега ќе мора да прави чудо во Бергамо за да се пласира во полуфиналето во Лигата на Европа.

Аталанта предводена од Гасперини уште еднаш демонстрираше дека може да биде крајно незгоден тим, а тоа на своја кожа го почувствуваа ѕвездите на Јирген Клоп кои немаа своја вечер.

Ливерпул не реализираше многу шанси за гол, а на спротивната страна „Ла Деа“ беше како казнена експедиција и постигна три во мрежата на Келерер кој имаше ужасна вечер.

Големата победа донесе голема сатисфакција на лицата кај фановите на Аталанта, но на социјалните мрежи се израдува и ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд.

– Никогаш не се откажувај, – гласеше пораката која ја испрати Хојлунд по големата победа на неговиот поранешен клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни