Поврзете се со нас

НБА

Ѕвезда на Бостон реагираше со три букви на веста дека ќе биде „жртвуван“ поради Дурент

Објавено

на

Информацијата на „ЕСПН“ дека Бостон веќе преговара со Бруклин за трејд на Кевин Дурент, очекувано не му се допадна на кошаркарот кој бил понуден за трансфер во спротивна насока.

Се работи за Џејлен Браун, една од најголемите ѕвезди на Селтикс, кој според изворот на медиумот, треба да се пресели во Бруклин на сметка на доаѓањето на Дурент во Бостон.

Браун реагираше преку социјалните мрежи со три букви „smh“, што е скратеница за „shaking my head“ или јасно незадоволство кај играчот за тоа што го дознал од медиумите.

Интересно е што Браун досега нема променето клуб и настапува за Бостон од 2016 година.

Бруклин покрај него би добил и право на неколку пика во првата рунда на следните драфтови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни