Поврзете се со нас

Италија

Ѕаниоло подготвен за заминување од Астон Вила: Не би потпишал само за еден италијански клуб

Објавено

на

Foto:instagram.com/galatasaray

Кариерата на Николо Ѕаниоло доби навистина чуден правец откако офанзивниот фудбалер ја санираше тешката повреда на коленото, или поточно од денот кога посака да си замине од Рома.

Италијанскиот репрезентативец ги натера водечките луѓе да го продадат минатата година во јануарскиот преоден рок, но шест месеци по авантурата во Галатасарај, во текот на летото одново направи трансфер.

Иако имаше неколку добри месеци во Турција, Ѕаниоло го прифати повикот од Премиер лигата и се пресели во Астон Вила, клуб во кој сепак не ги исполни очекувањата и најчесто е резерва во ротацијата на Унаи Емери.

Ѕаниоло е свесен дека неговиот престој во Англија нема да трае уште долго, а во интервјуто за „Газета“ не крие дека многу му недостасува родната земја и играњето фудбал во Италија.

– Многу ми недостасува Италија и италијанскиот фудбал. Ми недостасува семејството, моите пријатели, мојот син. Клубовите се тие кои ќе ја одредат мојата судбина. Јас му припаѓам на Галатасарај, но уште еднаш сакам да му се заблагодарам на Мончи што ми укажа шанса и во Астон Вила, откако претходно тој ме доведе во Рома.

– Трансфер во Милан? Којзнае што носи иднината…… Јас од мојот агент барам да ме информира кога има само нешто конкретно. Лично гледано, незамисливо би било да завршам само во еден италијански клуб, а тоа е Лацио. Рома има големо значење за мене и не би потпишал за „бјанкочелестите“, – вели Ѕаниоло кој постигна два гола на 20 натпревари во Премиер лигата.

– Сметам дека заслужува многу повеќе шанси во Астон Вила, но имам само добри зборови за Емери. Сметам дека Унаи е еден од најдобрите тренери во светот, го ставам на исто скалило со Гваррдиола, Клоп или Мурињо. Тој ме тера да напредувам во секој аспект, – додава Николо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни