Поврзете се со нас

Македонија

Две легенди на Вардар се враќаат во клубот: Тетовче нов тренер, Хаџиевски го замени Бајевски (Фото)

Објавено

на

Вардар направи кадровски промени во текот на минатата недела и од клубот си заминаа легендарните Бобан Грнчаров и Александар Бајевски, но на нивно место, во таборот на „црвено-црните“ се приклучуваат две други легенди.

Најтрофејниот македонски клуб попладнево излезе со официјално соопштение за пополнување на двете најважни позиции кога е спортскиот проект во прашање, односно назначи нов тренер и нов спортски директор.

Популарниот Грне е заменет како тренер од страна на Александар Васовски, човекот кој последно му ја донесе титулата национален шампион на Вардар во 2019-та година, а во клубот перманентен договор доби и Ѓоко Хаџиевски.

Тој изминатиов викенд го водиеше првиот тим на гостувањето кај Воска, но во иднина ќе ја извршува улогата на спортски директор и со своето искуство ќе му биде од помош и на тренерот Васовски.

Тетовче веднаш се фати за работа и ќе има еден ден да го подготви својот прв предизвик како повратник во Вардар, бидејќи тимот утре ќе го пречека Силекс на домашен терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни