Поврзете се со нас

Германија

Двајца важни играчи на Лајпциг одат на принудна пауза

Објавено

на

РБ Лајпциг завчера загуби од Борусија Дортмунд во бундеслигашкото дерби, а лоша вест за „биковите“ стигнала и од лекарскиот тим.

Повредата на Кристијан Нкунку не е премногу сериозна, но сепак напаѓачот ќе мора да оди на принудна пауза од неколку недели.

Нкунку санираше посериозна повреда и се врати во тимот на средбата со Борусија, но сега му се случи уште еден разочарувачки момент.

Францускиот напаѓач нема да може да им помогне на соиграчите на неколку наредни натпревари, меѓу кои и незгодното гостување кај Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Уште посериозна повреда заработил и Ксавер Шлагер, а иако клубот засега не ја потвдил неговата пауза, јасно е дека Австриецот ќе оди на принудна пауза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни