Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ за чудесниот кош на Ирвинг против Денвер: Не сум сигурен дека луѓето…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAspain

Далас Маверикс се избори за победа во пресметката со Денвер Нагетс во НБА лигата, дерби на Западот кое беше одлучено со чудесниот кош на Кајри Ирвинг со звукот на сирената.

Плејмејкерот ја презема одговорноста во завршниот напад и успеа со послабата рака да постигне кош преку Јокиќ за ерупција на публиката во „Американ Ерлајнс Центарот“.

Меѓу оние кои останаа без зборови по мајсторијата на Кајри беше и Лука Дончиќ кој не можеше да поверува како топката заврши низ мрежичката.

-Човече, ова беше неверојатно. Не сум сигурен дека луѓето сфаќаат колку тешко беше ова. Со лева рака. Тој е посебен играч“, изјави Дончиќ и додаде дека никогаш не видел таков кош и дека никогаш повеќе нема ни да видиме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни