Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ му ја сокри топката на центарот на Лејкерс, па даде кош за комплетирање на мајсторијата (ВИДЕО)

Објавено

на

Далас Маверикс славеше над Лос Анџелес Лејкерс со 124-115 во вториот натпревар од денешната божиќна програма во НБА лигата.

„Езерџиите“ беа подобри во три од четирите четвртини, но домаќините имаа трет пеколен период во кој дадоа дури 51 поен (51-21) што се покажа како пресудно за триумфот во „Американ Ерлајнс Центарот“.

Хардавеј Џуниор уфрли 26 поени, Вуд имаше 30, додека Дониќ беа автор на 32 кошеви. Токму Словенецот во последниот период имаше и една убава мајсторија, се избори за офанзивен скок по едно негово промашување, па си поигра со Гејбриел по што даде кош.

Неговата реакција јасно говори дека и тој не очекуваше така лесно да помине оваа негова финта.

Џејмс на спротивната страна уфрли 38 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни