Поврзете се со нас

АТП

Добри вести за Ѓоковиќ: Вториот носител во Мелбурн елиминиран од неговиот дел од ждребот

Објавено

на

По елиминацијата на Рафаел Надал кој беше прв носител на Аустралијан Опен, следниот натпреварувачки ден во Мелбурн донесе пораз и за вториот носител.

Норвежанецот Каспер Руд ги разочара своите фанови со неочекуван пораз и исто како и во случајот со Надал, изненадувањето го приреди американски тенисер.

Се работи за Џенсон Бруксби, тенисерот кој го победи Руд со 3:1 во сетови и си обезбеди голем успех и пласман во третата рунда на АО.

Следен противник на Бруксби е неговиот сонародник Томи Пол, а неговата победа над Руд значи дека Аустралијан Опен остана без првите двајца носители пред третото коло првпат по 2022 година.

Елиминацијата на Руд е добра вест и за Новак Ѓоковиќ, бидејќи Норвежанецот е дел од неговиот ждреб на патот кон финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни