Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ двоцифрен, Уникс со пораз го отвори финалето во ВТБ лигата

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Ненад Димитријевиќ и неговите колеги од Уникс Казан немаа позитивен старт на финалната плејоф серија против Локомотив Кубан во ВТБ лигата или поточно му дозволија на противникот веднаш да направи брејк и слави на нивен терен со 88-76.

Само првата четвртина му припадна на домаќинот (23-22) што во ваков меч е премалку за позитивен резултат. Лидер во овој триумф на Локомотив беше Барфорд со 17 кошеви, 5 скока и 4 асистенции.

На спротивната страна најефикасен беше Мејкон со 16 поени, додека нашиот репрезентативец Димитријевиќ реализираше 13 поени со 3 скока, 5 асистенции и 1 украдена топка.

Следната средба се игра на истиов овој терен на 8 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни